Руте: Украина ќе добие огромна количина воена опрема како дел од договорот со САД

 

Украина ќе добие огромна количина воена опрема како дел од договорот со Соединетите Американски Држави, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

„Ова е навистина големо. Навистина големо“, рече Руте, пренесува „Гардијан“.

Тој рече дека Трамп го повикал во четврток и му рекол дека сака да ѝ обезбеди на Украина она што ѝ е потребно, но побарал Европејците да платат за тоа, „што е сосема логично“.

14.07.2025 - 22:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега