Медиумите објавија војна на невакцинирањето - опасен тренд на Балканот: Не сакам да си го вакцинирам детето
Без оглед дали сакаат да го признаат или не, поборниците за бојкот на вакцинирањето мора да го признаат фактот дека благодарение на вакцините голем број на болести, за жал, само во развиените земји, децата поради нив не умираат.
„Не сакам да го вакцинирам моето дете затоа што повеќето од тие болести за која е предвидена превентива и онака повеќе ги нема. Освен тоа речиси сите деца во школото каде што оди мојата ќерка се вакцинирани, па индиректно на тој начин и таа е заштитена“.
Нина припаѓа на движењето на отпорот против вакцинирањето, и е уверена дека на тој начин го штити своето дете од тешките нуспојави и трајните последици од вакцинирањето за кое, како што вели чита секојдневно. Но, истовремено многу себично ги тера другите родители да си ја извршат обврската кон нивните деца, во корист на нејзиното.
Се разбира, родители како Нина ги има многу, затоа што покретот на побивањето на користа на вакцните во последните десетина години се прошири низ целиот свет, и тоа доста агресивно.
Во аргументацијата неретко се коритат лажни студии, а понекогаш и нуспојави кај секој лек или вакцина па дури, па дури и кога конечно ќе се открие дека авторот продавал магла. Родителите се повеќе стануваат ноќна мора за педијатрите, но и надлежните институции. Поради одбивањето на вакцинација на децата, годишно во Хрватска на суд за прекршоци завршуваат околу триста родители.
Воглавно плаќаат казни освен ако не се најде некој прекршочен судија кој ќе пресуди дека е можно ширење на зарзна болест преку мачја кашлица или пал преку одбраната на правата на пациентите, кој во овој случај и онака не одлучуваат туку тоа за нив го прават нивните родители. За жал некои од адвокатите во ваквите случаи се фалат дека тоа е победа, затоа што еве вакцините против некои болести се непотребни поради тоа што имаат тешки и трајни нуспојави.
По ваквите непрофесионални зборови на анонимни адвокати, човек да се запраша што ли се припадницит на нивните професии не би направиле за профит.
Во состојба се да се претворат и во надрилекари и надриздравственици на кои етичката страна од професијата и не им е многу јака, а ниту светот од штетата која ја прават на целото општество. Имено тврдат дека вакцинирањето повеќе прави штета него користи, а во најдобар случај аутистични обид да се напредува медицината и да се продолжи животниот век, а сето тоа да му се припише на натприродните сили кои со луѓето ама баш немаат никаква врска.
Се разбира оние малкуте фасцинрани од белосветски теории на завери спакувани во вакцината се прашуваат зошто тогаш, 10.000 деца во Африка и други неразвиени подрачја во светот вакцините против децките болести се недостапни, по што истите секојдневно умираат, а оние во развиените, се разбира вакцинираните, остануваат поштедени, доколку ништо не зависи од вакцината.
Но вистината, сакале да признаат или не поборниците на бојкотот на вакцинирањето, дека токму благодарение на вакцините многу болести, за жал само во развиените земји, се дословно заборавени, а да не збориме пак дека децата од нив умираат.
Противниците на ваквиот вид на заштита на здравјето велат дека во тој слуачј ако нема болест тогаш треба да се укинат и вакцините против нив.
Но праксата ги демантира во моментот кога ќе почне да расте процентот на епидемичност кај децата. Се уште е во свежо сеќавање епдемијата на осип во Франција од пред неколку годнии. Се јави како последица на слабото вакцинирање, односно хистеријата на голем број на родители за истото.
Последиците беа трагични, а дел од младите не успеаа да се изборат со болеста. Следеше акција на зголемување на свеста за користење на имунизацијата и ситуацијата се подобри.
Со иреалните аргуменит кои ги употребуваат борците против светската имунизација на завери е тешко да се излезе на крај, како и со оние кои се уверени дека повеќе помош може да добијат од рацете на биоенергетичар околку некој лек против некоја болест. И додека секоја глупост на лечење и нелечење кои се практицираат, возрасните може да ги толерираат, затоа што воглавно, никој не смее да присили некого на лечење, ако тоа не го сака, без оглед колку е штетно по здравјето, недопустливо е да за здравјето на децата одлучуваат исклучиво модерните родители, а во сето тоа да им помагаат неодговорните адвокати и судии.
Дали овој текст полн со докази за добротворното кај вакцините ве инспирираше и ве поттикна да се вакцинирате вас и своите деца? До кога движењето за невакцинирање ќе се нарекува теоретичари на завери? Зошто на пример 80% од вакцинираните се плашат од 20% невакцинираните, ако вакцините функционираат? И уште многу прашања кои можеме да им ги поставиме на Властите и авторите во ваквите текстови кои имаат само една цел, а тоа е ЗАРАБОТКАТА И ПРОФИТОТ!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа