Македонецот кој воодушеви на Гранд ќе го промовира својот прв проект по шоуто
Талентираното момче од Куманово кое со својата интерпретација го воодушеви целиот регион, а медиумите го именуваа како легитимен наследник на балканскиот шармер Жељко Јоксимовиќ, Мартинијан Кириловски ќе го промовира својот прв проект по учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Во среда (12 август) со почеток во 20 часот во кумановското кафуле „Нама“ ќе се одржи промоцијата на која Мартинијан Кириловски ќе го претстави видеозаписот за новата песна насловена како „Јас знам“.
Автор на музика и текстот е Филип Антевски, додека за аранжманот се погрижи самиот Мартинијан заедно со Филип Антевски. Песната е снимана во студиото на Слаѓан Станишковски во Куманово, а видеозаписот се снимаше во кумановскиот воен аеродром „Аџитепе“ кој не е во употреба и на големата тераса со осветлување над новиот Рамстор во Куманово.
Во наредниот период песната ќе добие и своја српска верзија која ќе го носи насловот „Ја знам“, а ќе се промовира преку мрежата на српската продукција „Гранд“ чиј ексклузивен е Мартинијан, откако пред неколку месеци официјално потпиша повеќегодишен договор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа