Курти го осуди пукањето врз српските момчиња: Осомничениот ќе се соочи со судот

 

Косовскиот премиер, Албин Курти, го осуди ранувањето на двајцата српски државјани во близина на Штрпце, велејќи дека осомничениот за нападот, кој беше приведен од косовската полиција, ќе се соочи со судските органи.

Курти им посака брзо закрепнување на двајцата повредени, нагласувајќи дека истрагата ќе продолжи до целосно расчистување на случајот, пренесува Коха.

„Најостро го осудувам нападот врз двајца граѓани на Косово во Штрпце.Според информациите, младите мажи на возраст од 11 и 21 година се надвор од животна опасност и им посакувам брзо закрепнување. Косовската полиција веќе го уапси осомничениот, кој несомнено мора и ќе се соочи со судските власти. Надлежните единици ќе продолжат со истрагата се додека не се разјаснат сите околности на овој неприфатлив и осудувачки чин“, напиша Курти.

Косовскиот премиер изјави дека косовската полиција е максимално ангажирана во извршувањето на своите работни задачи за да ги заштити животите и имотот на сите без разлика.

06.01.2023 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега