Невремето сруши фасада врз автомобил, дрво падна врз Шкода - Тотален хаос по силниот ветер во Загреб

 

Силното невреме кое ја зафати Хрватска вчера, направи вистински хаос во Загреб. По градот, поројниот дожд и силниот ветер, дел од фасада падна врз паркиран автомобил. Силниот ветер носел делови од фасадата кои го оштетиле возилото.

Ветрот бил толку силен што корнел дрвја и гранки, а пожарникарите интервенирале на многу улици каде дрва паднале врз автомобили.

Од вчера врне и во Македонија, а се најавува дека дождот нема да престане ни денеска.

 

16.05.2025 - 08:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега