Гласањето во АФЕТ по извештајот за земјава одложено за 24 јуни
На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни.
- “Европскиот парламент повикува на брз прогрес во преговорите за пристапување, истовремено нагласувајќи ја важноста на усвојувањето на неспроведените уставни амандмани; ги охрабрува сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус за овие амандмани, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало нејзиниот напредок кон членство во ЕУ”, се нагласува во Предлог-извештајот на Вајц.
Претходно, претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази очекување за поддршка на предлозите кои “ги гарантираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик”, бидејќи во спротивно тоа “ќе зборува многу лошо за демократскиот капацитет на Европскиот парламент”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа