Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните
Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“.
-Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување, соопшти Министерството.
Во дописот до медиумите наведува и дека се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните - „со единствена цел - заштита на здравјето и безбедноста на населението“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа