Мицкоски: „Чагатај Кабло“ се проширува со 6 милиони евра и 200 нови вработувања

 


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со тоа дали може да се очекува нова странска инвестиција, нагласи:

 
„Имаме инвестициски процес во периодот кој што ќе следи, а новата таква инвестиција ќе биде утре. Тоа е турската компанија „Чагатај Кабло“, која што веќе функционира. Но, тие ќе најават проширување. Дополнителна инвестиција од 6 милиони евра, за нови 200 вработувања. Ќе направат нов погон, во кој што ќе го прошират својот произведен асортиман. И утре се гледаме таму, сите ве поканувам на камен-темелник.“

10.07.2025 - 15:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега