Почина новинарката Валентина Базерко
Новинарката Валентина Базерко почина вчера на 62-годишна возраст.
Валентина, новинарската кариера ја започна во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна како глас на Македонското радио, каде со децении работеше со страст и интегритет.
Таа беше дописник од странство, сведок на настани и глас што секогаш се бореше за правдата и достоинството на професијата.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразувајќи сочувство по повод смртта на Базерко, посочува дека таа го живееше новинарството како лична мисија – со јасен, модерен и искрен радио израз, со неуморна грижа за македонскиот јазик и култура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа