Шукова: Животниот стандард опаѓа, куповната моќ на граѓаните намалена за 20%

 

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се помалку за живот.  За 20% е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20% помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес конференција потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.
 
Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.
 
"Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија.70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра",рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива.
 
"Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие - релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа", нагласи Шукова.
 

 

При тоа, потпретседателката  Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.
06.07.2025 - 13:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега