Притвор за тетовецот кој во мотел принудуваше косовска државјанка на проституција

 

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот.

По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

26.07.2025 - 14:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега