Српски министер предлага да се урне училиштето во кое се случи масакрот и да се изгради спомен-парк за жртвите

 

 

Министерот за економија на Србија, Раде Баста предложи да се урне зградата на основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што беше извршен масакрот, пишува „Нова.рс“.

„Повикувам на единство на власта и опозицијата на местото на училиштето да се изгради спомен-парк за жртвите од училиштето за да остане нивниот спомен засекогаш. Да се ​​урне сегашното училиште, а некаде во близина да се изгради ново училиште“, напиша тој на инстаграм.

Како дополнение на овој предлог тој се повиува и на објава од РТС каде членот на Советот на родители на ова училиште, Милена Васиќ, вели дека децата сакаат да се вратат на училиште, но не и на тоа место.

Медиумите потсетуваат дека во ова училиште се случи масакр кога ученик уби осум деца и чувар, а рани уште шест и наставничка по историја.

10.05.2023 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега