Тропски горештини до крајот на август - Скопје со температури до 38 степени

 

Жителите на Скопје ги очекува продолжување на летните горештини до крајот на август. Според прогнозата, температурата денеска (18 август) ќе достигне до 31 степен со услови за локално невреме, а од утре следува стабилизација на времето.

Во периодот од 19 до 23 август ќе има сончево и претежно стабилно време со температури кои постепено ќе растат од 33 до 38 степени, при што најжешко ќе биде во четврток (21 август).

Последната седмица од месецот (24–30 август) носи умерено топло и сончево време со температури помеѓу 32 и 36 степени. Дневните температури ќе бидат високи, но со посвежи утра – од 12 до 15 степени.

 

Според прогнозата, вистинско освежување се очекува од почетокот на септември, кога температурите ќе паднат под 27 степени.

18.08.2025 - 11:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега