ВИДЕО: Поради предизвик на ТикТок, момче во Белград скокнало од трамвај во движење
Видеото во Србија предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи момче паднало откако скокнало од трамвај во движење. Останал неповреден.
„Некој можеше да наиде и да го убие, немаше да биде тој виновен туку тој возач, а тој човек треба да живее со тоа цел живот. Родители, гледајте ги подобро децата пред да биде предоцна“, коментира жена за застрашувачкото видео.
„Наместо децата да имаат играчки, тие имаат мобилни телефони и социјални мрежи, затоа стигнавме до каде што сме, се се прави спротивно од тоа како треба. Полесно е да го турнете телефонот во рацете на детето отколку да го насочите кон други работи“, е само уште еден во низата осудувачки коментари на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа