Димитриевски ќе се бори за нов мандат во Куманово
Лидерот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски и официјално е кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.
На вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор е одлучено ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини.
- Движењето ЗНАМ - За наша Македонија започнува ново поглавје во своето политички делување. Нашите претставници во локалната самоуправа покажаа како вистински се управува со општините, изјави портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа