Што значи ако ги сонувате родителите?
Често ги сонуваме оние кои ни се најблиски, родителите или децата.
Ликот на таткото или мајката во сонот често се појавуваат во време на неволја или потешкотии.
Кај мажите, соништата за мајката имаат подлабоко значење, бидејќи односот мајка-син, е подлабок од оној на мајка и ќерка. Но, жените ги сонуваат своите мајки почесто од мажите.
Мајките во соништата се појаваат во две крајности – како добри или лоши. Ликот на мајката претставува како ја доживате во реалниот живот.
Ликот на таткото на сон има многу пошироко значење. Тој е разумен, односно посредник меѓу рационалното и духовното во животот. Го сонуваме нашиот татко кога сме во конфликт помеѓу она што тој го прави во животот и она што ние го правиме, особено кога се уште се бараме себеси во животот.
Ако сонувате непознат старец или старица, се пренесува порака на големо искуство и животна мудрост. Денес во модерните времиња се поттиснува значењето на постарите лива, но ако старецот на сон ви се јавува како сед и голем човек, ви следат голема мудрост и промени.
Децата во соништата на родителите најчесто се појавуваат поради исклучителната приврзаност на родителите. Ако еден од родителите често го сонува своето дете, пак, треба добро да ја слушне пораката што се крие во сонот.
Често се сонува и непознато дете кое веќе има мудрост на возрасен. Детето може да биде носител на промени, став кон животот, а кога го толкувате најважно е да се истражат чувствата кои ги предизвикал сонот.
Ако сонувате личност од спротивниот пол, особено вашите брат или сестра, мора да ја погледнете другата страна, вашата сенка и друго јас, која го претставува она што навистина сте.
ИЗвор: Курир
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа