Повреден пожарникар при гасење на пожарот во Визбегово
Денеска во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите.
До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.
За време на интервенцијата еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита е повреден и пренесен за укажување лекарска помош.
09.07.2025 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа