Приведен е сопственикот на депонијата која гори кај Визбегово
Приведен е сопственикот на депонијата која гори кај Визбегово, пренесе 4NEWS.mk.
При приведувањето, сопственикот давал отпор на полицијата, при што настанала и физичка пресметка.
Дополнително, била нападната и телевизиска екипа која била на местото на настанот. Според првични информации, еден од вработените физички ги нападнал новинарите и им ја скршил телевизиската камера.
09.07.2025 - 12:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа