Приведен радовишанец: Ги претепал сопругата и малолетниот син
Вчера во 17:15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода У.Б.(50) од Радовиш.
Тој, истиот ден околу 15.40 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивниот малолетен син, при што им нанел телесни повреди, констатирани од лекар од Здравен дом Радовиш.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот против У.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
05.07.2025 - 14:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа