Фудбалскиот свет се збогува со Жота и неговиот брат - соиграчите носеле венци во форма на дресови

 


Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.

Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.

Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.

Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

05.07.2025 - 15:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега