Страшна трагедија ја потресе Македонија: 17-годишник загина во сообраќајка

 


Вчера во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“  и „Мирко Милески“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „Хамачи“, управуван од 17 годишно момче од Кичево.

Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција.

05.07.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега