Страшна сообраќајка на Партизанска: Три лица повредени, над 200.000 денари материјална штета

 


Доцна синоќа во 23:25 часот  на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и тие сите се пуштени на домашно лекување.


 

Увид е извршен од увидна екипа при СВР Скопје, а причинета е материјална штета од околу 200.000 денари, информираа од МВР. 

05.07.2025 - 13:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега