ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Заврши времето на распродавање на државните интереси

 

Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена. Ова го велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.

- Само Венко Филипче и СДС ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата. Филипче и СДС се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни вести. Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и шири инсинуации во врска со договорот. Со Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји. Договорот со Обединетото Кралство е важен поради најмалку две причини. Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот. Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. Ќе започне нов силен циклус на економски раст. Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси, велат од владејачката партија.

Додаваат дека СДС е синоним за криминал, корупција и предавства.

29.05.2025 - 09:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега