ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Бујар беше распродавање на македонските интереси по секоја цена
Бујар Османи како “претседател” на пола свет, не успеа да направи ниту еден чекор напред за влез на државата во ЕУ, туку напротив, ги распродаваше името, јазикот и идентитетот, заедно со Заев, Филипче, Пендаровски, Ахмети и на ним слични.
Политиката на најкриминалната Влада во историјата на Македонија, на СДС и ДУИ, беше да се удоволуваат потребите и барањата на Бугарија, со цел да останат ден повеќе на власт.
СДС и ДУИ, газеа врз достоинството и почитта на државата, и мислеа дека така ќе ги освојат симпатиите на народот, којшто на минатите избори ги испрати во историјата.
Погубните политики за Македонија завршија. Сега ВМРО-ДПМНЕ гордо ја претставува државата во светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа