Хаос во Тетово: Им извадил нож од кола - го искршиле од ќотек
На 05.09.2025 година во 22:05 часот на улица „Браќа Миладинови" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, ги лишиле од слобода М.Б.(44) и Х.Б.(33) од с.Порој, постапувајќи по претходна пријава дека по расправија околу паркирање на возило, физички го нападнале А.С.(35) од Тетово и му го оштетиле неговото патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистерски таблици. Исто така, на 06.09.2025 година во 00:30 часот во Клиничката болница Тетово, откако му била укажана лекарска помош, бил лишен од слобода и А.С., кој откако бил физички нападнат од М.Б. и Х.Б., од неговото возило зел нож и им се заканувал, а откако бил спречен од полициските службеници, агресивно се однесувал кон нив. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа