Костадиновски по повод 8 Септември: Вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста - 8 Септември.
- Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Граѓаните на тој ден запишаа историја! Историја на која треба да сме горди и која треба да ја славиме. Но, тој ден истовремено и ги задолжи сите сегашни и идни генерации, не само да негуваат почит и благодарност кон нашите предци, туку со истата решителност, љубов и одговорност да ја сакаат татковината и да се вложат во нејзиниот просперитет. Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Денес, чин на врвен патриотизам претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, се вели во честитката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа