Тошковски: Независноста не е само подарок од минатото, туку обврска што сите заедно мораме да ја чуваме и надградуваме

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со објава на социјалните мрежи упати честитка по повод Денот на независноста во која посочува дека 8 Септември е симбол на историската одлука на нашиот народ да ја преземе судбината во свои раце, да создаде слободна, демократска и просперитетна татковина.

- Денеска ја славиме нашата најголема победа – самостојната и независна држава Македонија. 8 Септември е симбол на историската одлука на нашиот народ да ја преземе судбината во свои раце, да создаде слободна, демократска и просперитетна татковина, се посочува во честиката на министерот.

Тошковски нагласува дека во независноста на нашата земја вградена е и секојдневната работа на полициските службеници, нивната пожртвуваност, дисциплина и грижа за безбедноста на граѓаните.

-Исто така, денешниот ден е одлична можност да се потсетиме дека независноста не е само подарок од минатото, туку обврска што сите заедно мораме да ја чуваме и надградуваме. Нека е вечна Македонија! Честит Ден на независноста!, посочува Тошковски во пишаната честитка.

08.09.2025 - 13:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега