Родителско писмо кое ги освои друштвените мрежи: Ова секој мора да го прочита!

 

Ова родителско писмо за само неколку часови ги освои друштвените мрежи. Ова секој би требало да го прочита, еве го писмото во целост. 

„Драго дете, 

Сега уште не сум остарела, а а кога ме будиш и ме гледаш таква, биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш... Ако се извалкам за време на ручекот и ако не можам сама да се облечам, биди трпелив.

Кога беше мал, морав истите приказни од соништата да ти ги читам, пред да запливаш во длабокиот сон.  Ако не ќе можам да се бањам, не ме исмејувај и не ме навредувај. Сети се како морав да те терам и да те лажам со илјада причини само за да влезеш во када. 

Кога ќе приметиш дека не се разбирам од новата технологија, дај ми време и немој да ме гледаш со потсмев на лицето. Јас тебе те научив на многу работи: Како правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и како да се соочуваш со животот.

Ако  некогаш за време на разговорот почнувам да заборавам, дај ми време да се присетам и ако не се сетам немој да се вознемируваш. Не ми е најважната работа разговорот со тебе, туку тоа што сум во друштво со тебе и дека знам дека ме слушаш. 

Кога ќе ми се уморат нозете и повеќе не дозволуваат да одат, испружи ми ги дланките исто како што јас на тебе ти ги пружив, кога ги правеше првите чекори. 

И ако еднаш ти кажам, дека повеќе не сакам да живеам, дека сакам да умрам, не лути се на мене, еден ден ќе ме разбереш. 

Еднаш ќе сфатиш, дека покрај направените  грешки, сум сакала само најдобро и сум се обидувала да те однесам на вистинскиот пат. Не биди тажен, не лути се и не чуствувај се беспомошно кога ќе ме будиш и ќе ме гледаш таква.“

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега