Влегле да ограбат маркет во Чаир: Полицијата фати двајца - еден во бегство

 

Полициски службеници денеска лишиле од слобода две лица со Скопје, кои биле спречени при обид да извршат разбојништво во маркет во Чаир.

- Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар. Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Псочуваат дека по преземените мерки, од слобода се лишени две лица, а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање.

По целосно расчистување и документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

06.09.2025 - 13:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега