ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема да изгори како во време на СДС, Заев и Филипче

 


„СДС треба да се срами што го лаже и манипулира народот, бидејќи вчера претседателот беше на состанок на кризен штаб на кој беа преземени сите потребни чекори за борбата против подметнатите пожари“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„За разлика од порано кога Заев и Филипче се сончаа на грчките плажи додека Македонија гореше, сега сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи го и претседателот на било каков начин се вклучени за да се најде решение.

Среќа, активни пожари има само 9 активни, 4 под контрола, 1 локализиран, а 49 изгаснати. Македонија нема да изгори како во време на СДС, Заев и Филипче!“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

10.07.2025 - 11:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега