Филипче му одговори на Мицкоски: Подготвени сме за разговор за една изборна единица

 


По повикот на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера на седницата за пратенички прашања ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии. 

- Подготвени сме да разговараме за било што, меѓутоа тоа е работа во која треба да учествуваат сите политички партии затоа што не е само прашањето за една изборна единица, туку тука е и прашањето за цензусо, за отворените листи, изјави денеска Филипче пред почетокот на настанот „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес и Планот за раст“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС).

Премиерот Мицкоски вчера од собраниската говорница рече дека со измените ќе и се овозможи и на дијаспората да гласа и нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за измените. 

30.05.2025 - 11:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега