Николоски: Експресниот пат Градско-Прилеп носи поголема безбедност и пократко патување
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео за изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп и неговите придобивки, посочувајќи дека значително е подобрена безбедноста и намалено времето за патување.
Николоски истакнува декас експресниот пат е одговор на ветувањето за модерно и безбедно патно решение со кое се намалување времето за патување.
- Го изградивме експресниот пат Градско - Дреново - Фариш (Прилеп) Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и цел Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение и овој експресен пат е одговор на тоа што го ветувавме. Го завршивме патот од Дреново до Фариш кој е дел од патот Градско - Прилеп. Во должина од 25 километри овој пат значително ја подобрува безбедноста и го намалува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола.Продолжуваме да ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот Николоски во објава на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа